Меѓународна канцелариска симулациска вежба за регионален одговор при катастрофи „Скопје 2020“

На ден 22.12.2020 година преку користење на NICS платформата (Next Generation Incident Command System), се подготви и реализираше меѓународна канцелариска симулациска вежба за регионална поддршка и одговор на настаната катастрофа на Националните друштва на Црвен крст од регионот.

Планираното сценарио и супозиции беа за подрачјето на територија на град Скопје кое е погодено од катастрофален земјотрес од 7.6 магнитуда за време на пандемијата со КОВИД19. Супозициите вклучуваа мапирање на ресурси и капацитети, координација и комуникација помеѓу НД, организирање меѓународна хуманитарна помош, меѓугранична соработка, контакт со медиуми и донатори итн.

Носител на вежбата беше Оперативниот центар на Црвен крст на РСМ и МФЦК/ЦП Регионална канцеларија Будимпешта а учесници на вежбата беа Оперативните центри на Националните друштва на Црвен крст од Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Хрватска и исто така и претставник на МКЦК. На вежбата учествуваа 40 учесници.

За потребите на вежбата се креираше посебен простор во NICS платформата (инцидент). Вежбата беше спроведена со цел надградба на капацитети и освежување на знаења за употребата на NICS платформата како и зајакнување на капацитетите на ОЦ на Националните друштва на Црвениот крст од регионот за координиран и навремен одговор на катастрофа настаната за време на пандемија со КОВИД19 како и за зајакнување на меѓуграничната соработка.

Симулациската вежба е во рамките на проектот “Градење на капацитети за комуникација и координација за ефикасна подготвеност и одговор на Западен Балкан” поддржан од МФЦК/ЦП.

Вежбата беше реализирана со инструкторска поддршка од

Центар за управување со кризи

Translate »