NICS Носечка

На национално ниво е воспоставена Носечка група за имплементација на NICS, која е координирана од страна на кодиректорот на NICS за Република Северна Македонија, д-р Урим Вејсели. Во групата партиципираат претставници на Центарот за управување со кризи, Министерството за внатрешни работи, Министерството за здравство, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за одбрана, Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Армијата на Република Северна Македонија, Воената академија,  Итната медицинска помош  – Скопје, Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, Дирекцијата за заштита и спасување, Дирекцијата за радијациона сигурност, Јавното претпријатие „Национални шуми“, Државниот инспекторат за труд, Црвениот крст на Република Северна Македонија и млади истражувачи ангажирани во рамки на проектот NICS.

Носечката група редовно одржува состаноци на кои се утврдуват потребите за развој, динамички план за постигнување на целите, определување на приоритети и приоритетни цели, подготовки за имплементација и користење на NICS алатката на NATO EADRCC вежбата “North Macedonia 2021”, како и други проектни активности.

Translate »