На ден 17.12.2020 година, во Оперативен центар на Армијата во Куманово, касарна „Боро Менков“, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели и генерал мајорот Павле Арсоски, заедно со полковникот Жикица Јовановски, од Оперативната команда од страна на Армијата на Република Северна Македонија, дадоа особен белег на реализираните неопходни подготовки со дигитано симулирани кризни ситуаци според НАТО програма при спроведување на дел од таа обука.

Армискиот кадар покажа многу високи резултати во восприемањето, а и во спроведувањето на обуката. Практично, со ваквото посовремено дејствување на државата за напредок во совремниот кризен менаџмент, Армијата уште посовремно се вклучува како поддршка на структурите од Системот за управување со кризи, СУК, преку функција што ја овозможува НАТО СПС ( НАТО Наука за мир и безбедност) системот „НИКС“ (НИКС – NICS).
Со овој денешен настан, инсталирање и реализирање на потребната опрема и обука, а секако со запазување на здравствените протоколи против ширењето на зарзната болест “COVID 19“,  се овозможува Оперативниот центар на Армијата да е во функција на поддршка на СУК, во координација со ЦУК, на уште поголемо современо ниво. Истовремено, со овој НАТО проект што се реализира преку ЦУК во државата, се остварува Армијата да има на располагање функционален дигитален систем за управување со кризи од најнова генерација – системот „НИКС“ (NICS) на НАТО.
 

 Оваа „НИКС“ платформа на НАТО што се развива кај нас и земјите од Регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина и Црна Гора), овозможува просторно прикажување на податоци со цел справување со кризните настани и појави во реално време. Притоа, се овозможува брза и ефикасна комуникација и координација помеѓу субјектите во СУК. Така се постигнува донесување на правовремени одлуки  за соодветен и пропорционален одговор во зависност од ризикот, односно кризната ситуација во простор и време.
 

За ова да се постигне потребни се материјални ресурси и обучен кадар. За таа цел денеска, во рамките на овиот Оперативен центар на Армијата, ЦУК инсталира соодветна информатичка опрема и организира и реализира целосно соодветнa обука за користење на оваа нова дигитална платформа за водење операции од областа на кризниот менаџмент.
Истовремeно, вака координираниот одговор на ЦУК и субјектите во СУК, подржани од Армијата, значи и придонес повеќе за правовремено информирање на медиумите, јавноста, а и граѓаните преку модулите на системот „НИКС“, наменети за комуницирање со јавноста, што е и во насока на поголемо подигање на свесноста и разбирањето на ризиците во јавноста.
Како што веќе е познато, наскоро, започнува со работа новиот Оперативен центар на Армијата во Куманово, касарна „Боро Менков“, а денеска заедно од Центарот за управувње со кризи, ЦУК и Армијата на Република Северна Македонија, реализираа неопходните подготовки со дигитано симулирани ситуаци – обука, со што Армијата се вклучува како уште посовремена поддршка на структурите од Системот за управување со кризи, СУК.

За остварување на таа функција е потребна моментна „он-лајн“ во „живо“ комуникација, координација и соработка помеѓу Оперативниот центар на Армијата, Оперативниот центар на ЦУК и сите инволвирани институции од Системот за управување со кризи. Оваа функција ни ја овозможува НАТО СПС ( НАТО Наука за мир и безбедност) системот „НИКС“ (НИКС – NICS)
Да резимираме – со овој денешен настан, инсталирање на потребната опрема и обука се овозможува Оперативниот центар на Армијата уште посовремно да е во функција на поддршка на СУК, во координација со ЦУК, а и секако во Армијата да имаат на располагање функционален дигитален НАТО систем за управување со кризи од најнова генерација – системот „НИКС“ (NICS).
 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Translate »