NICS Обуки

Заклучно со октомври 2020 година заокружен е циклусот основни NICS обуки во сите 8 плански региони во Република Северна Македонија (Скопски, Вардарски, Пелагониски, Полошки, Североисточен, Источен, Југоисточен и Југозападен плански регион).

Поради новонастанатата ситуација со КОВИД-19 дел од основните обуки во 2020 година се спроведени ОНЛАЈН – Тетово и околните општини (2 еднодневни обуки) и Северниот (Скопски) плански регион (4 еднодневни обуки), како и онлајн обуки за 63 вработени и волонтери во ЦКРСМ (4 еднодневни обуки).

Во текот на 2020 година обучени се 179 лица, а од почетокот на имплементацијата на проектот до крајот на октомври 2020 година бројката на вкупно обучени лица од институциите на Системот за управување со кризи (СУК) во РСМ изнесува над 1.000 (1.051).

За времетраење на проектот спроведени се и напредни/наменски обуки за потреби на реализација на 3 вежби во земјата:

1.            CMEP/NICS штабна вежба (TTX) „Сеопфатен одговор – Водно 2018“ – Скопје, септември 2018 год.

2.            NICS штабна вежба (TTX) со ЦКРСМ – Струга, ноември 2018 год.

3.            NICS теренска / штабна вежба (TTX) „Национален одговор 2019“ во организација на АРСМ – Штип, септември 2019 год.

Реализирана е и напредна/наменска обука за тимовите од РСМ (ДЗС, БППЗ на Град Скопје и ЦКРСМ) за учество на теренска / штабна вежба (TTX) “NICS – Montenegro 2019” – Подгорица/Даниловград, Црна Гора, октомври 2019 год.

Translate »